Ердоган ги повика ОН да препорачаат употреба на сила за да се запре Израел

од Nikola Popovski
68 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го повика Генералното собрание на Обединетите нации да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата што ја усвои во 1950 година, доколку Советот за безбедност на ОН не ги запре нападите на Израел во Газа и Либан, јави агенцијата Анадолија.

„Генералното собрание на ОН треба брзо да го искористи овластувањето да препорача употреба на сила, како што направи со резолуцијата „Обединети за мир“ од 1950 година, доколку Советот за безбедност не може да ја покаже потребната волја“, рече Ердоган по владиниот состанок во Анкара.

Тој, исто така, ги повика муслиманските земји да преземат економски, дипломатски и политички чекори против Израел за да извршат притисок врз Тел Авив да прифати прекин на огнот и го повтори своето тврдење дека Израел „ќе ги таргетира и нив ако не престане наскоро“.

Слични содржини