Ердоган го критикуваше ЛГБТ движењето и ги нарече членовите вандали

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска жестоко го критикуваше ЛГБТ движењето, обвинувајќи ги за вандализам и додавајќи дека младите од неговата партија не се дел од таа заедница.

„Во иднина, ќе имаме не ЛГБТ младина, туку младина достојна за славната историја на оваа нација. Вие не сте дел од ЛГБТ-младината, не сте од оние млади кои вршат вандалски активности“, рече Ердоган во говорот пред членовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Ердоган изнесе забелешки два дена по апсењето на четворица студенти обвинети дека закачиле слика на светото место на исламот на универзитетот, која е украсена со знамиња на виножито, симбол на ЛГБТ движењето.

Студентите се обвинети за „поттикнување омраза“.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека е уапсена група на „ЛГБТ разбојници“.

Сликата беше закачена во петокот пред канцеларијата на новиот ректор на Универзитетот во Босфор. Со недели студентите се незадоволни од изборот на нов ректор назначен од Ердоган и бараат негово смена.

Турција е една од ретките муслимански земји каде хомосексуалноста не се казнува со закон. Сепак, хомофобијата е широко распространета и ЛГБТ здруженијата редовно пријавуваат напади и дискриминација.

Слични содржини