Ердоган го обвини Советот за безбедност дека ја влошува кризата во Газа

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го обвини Советот за безбедност на ОН дека ја „влошува кризата“ во Појасот Газа со својот „пристрасен“ однос.

„Советот за безбедност ја влоши кризата со својот пристрасен став наместо да го запре крвопролевањето, да обезбеди прекин на огнот што е можно поскоро и да преземе мерки за да спречи цивилни жртви“, рече Ердоган во изјавата објавена по повод 78-годишнината од основањето на ОН.

Турскиот претседател, кој го обвини Израел за „геноцид“ врз палестинското население во Газа, ја осуди и меѓународната заедница што не се спротивставува на „незаконските и неселективни напади на израелскиот режим врз цивилите“.

„Невозможно е единствена структура која може да се грижи само за целосното казнување на населението во Газа да му дава надеж на човештвото и може да гарантира светски мир и стабилност“, продолжи Ердоган, мислејќи на Советот за безбедност, извршното тело на ОН.

Тој рече дека Советот за безбедност на ОН ги направил нефункционални сопствените агенции, особено Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), и оцени дека телото нанело најголема штета на угледот на ОН.

Ердоган редовно го осудува составот на постојаните членки на Советот за безбедност – САД, Велика Британија, Кина, Русија и Франција – нагласувајќи дека „светот е многу поголем од тие пет земји“, наведува агенцијата Франс прес.

Слични содржини