Ердоган го зграпчи не успешниот државен удар во Турција како шанса да го смени Ататурк

од Vladimir Zorba
141 прегледи

zx450y250_2808304

Претседателот Реџеп Таип Ердоган отсекогаш имал амбиции да го надмине Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, како најважната фигура во земјата.

Сега, еден срушен удар може да му овозможи конечно тоа да го стори, пишува Тим Аранго за “Њујорк тајмс”.

Со години Ердоган, исламист, ги славеше најголемите моменти на османлиското минато кога Истанбул беше седиштето на исламскиот калифат и ја потценуваше светската историја на Турција утврдена од Ататурк.

Со не успешниот државен удар минатиот месец, сега тој има своја историја и пропагира свои настани и симболи, без да губи време за да цементира оваа приказна во националната свест.

Мостот на Босфор, кој беше освоен од војниците ренегати, беше преименуван во меморија на граѓаните кои беа убиени таму.

Плоштадот во Анкара, окупиран од тенкови, кога војската се обиде да ја заземе власта, доби ново име како симбол на демократијата. Имињата на многу улици беа променети во чест на оние кои загинаа бранејќи ја владата.

Провладините медиуми објавија дебели изданија за превратот, а за прославувањето на жртвите како национални херои, државната телевизија прави документарен филм. Се планираат дури и статуи и споменици и по 15 јули, на првата годишнина од не успешниот државен удар, ќе биде национален празник.

Заговорниците исто така ќе имаат свое место. Далеку во предградијата на азискиот дел на Истанбул, на покриена со чакал земјиште во близина на засолниште за кучиња, се ископани гробови за паднатите заговорници на државниот удар во т.н.. “Гробишта за предавници”.

Сето ова се случи само за три недели. Целта на Ердоган е не само да се осигура дека ништо нема да биде изгубеноа за историјата, но исто така и дека ова е последна глава во турската историја која во голема мера ќе биде опседната од неговите исламистички поддржувачи. Притоа, велат историчарите и аналитичари, тој најде можност да означува она што одамна го нарекува “Нова Турција”. Модерна земја која го нагласува исламот и се отцепи од секуларното минато.

Керем Јоктем, турски историчар на Универзитетот во Грац, Австрија, го опиша тоа како “приказна за исламската заштита на демократијата”. Приказната е за херојска заштита во името на исламот, против надворешни сили, вклучувајќи ги и САД, за кои Ердоган и други мрачно навестија дека можеби биле вмешани во заговорот за државен удар. Но тука има стапица.

Според Ердоган државниот удар бил воден не од старата световна елита, туку од следбеници на Фетхуллах Гулен, муслимански проповедник, кој го предводи друго исламистичко движење и живее во самонаметнатиот егзил во Пенсилванија.

Во некои владини весници дури се зборуваше за трансформирање на куќата од детството на Гулен во јавна тоалетот. Обидот за државен удар и тоа како тој беше срушен од толпи поддржувачи на Ердоган и дури од некои приврзаници на секуларниот поредок, кои ги поплавија улиците, за да се спротивстават на војниците и веќе е наречен “втората војна за независност на Турција”.
Првата, предводена од Ататурк, го следи падот на Отоманската империја кон крајот на Првата светска војна и беше во центарот на изградбата на турскиот идентитет, фокусиран на световните и националистички принципи.

Владата на Партијата на правдата и развојот веќе бараше нови настани кои се одбележи она што тие дефинираат како нова Турција, изјави Есра Јозјурек, шефицата на програмата за турски студии во Лондонската школа за економија.

Претседателот Ердоган рече дека не смета дека прославата на Турската република ја одразува целата турска, османска и муслиманска историја, на која според него се гради нова Турција, рече таа.

Под управување на Ердоган владата ги налути световните Турци, како укина неколку празника во чест на Ататурк, мотивирајќи се со различни причини како рударски инцидент и земјотрес, додека истовремено истакна историски отомански битки и роденденот на пророкот Мухамед. Државниот удар сепак претставува совршен голем настан со светци и голема народна поддршка, изјави Јозјурек.

Сега, вели Јоктем, Ердоган се обидува да создаде нова приказна за турскиот исламски идентитет, кој оди подалеку од она што Ататурк го изградил. Други аналитичари се согласуваат дека Ердоган го користи превратот пред сè, за да создаде во основна мит на исламистичка Турција.

Главната порака сега е дека Турција е за исламистите, иако Ердоган направи обид да ги обедини во земјата, подавајќи им рака на некои од традиционалните ривали, главно Турцие секуларисти и националисти, откажувајќи се од случаите кои се поднесени против нив.

Ердоган, кој некогаш беше пратен во затвор од секуларната елита заради јавно рецитирање на религиозно поема, се искачи на власт во 2003 година како глас на верниците маси на Турција. Тој дојде на власт на цела класа луѓе кои во минатото беа третирани како граѓани од втора рака, и им пренесе дека нивниот збор има значење за делата на земјата.

По неуспешниот пуч тој им даде нешто уште поголемо: чувство дека тие, го слушаа неговиот повик и во повиците на имамите од џамиите да востанат во заштита на владата, ја спасиле земјата, исто како Ататурк по Првата светска војна.

Ноќ по ноќта, по обидот за пуч поддржувачите на Ердоган, при промоција од негова страна, се собираа на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, за да го прослават дека ја спасиле земјата. Пуштаа музика од отоманско време, а трговците продаваа турски знамиња и маици со ликот на Ердоган и парчиња лубеница. За да се олесни присуството на луѓето, јавниот транспорт беше бесплатен.

Плоштадот Таксим во минатото беше поврзуван со секуларни движења – од собирање на социјални и професионални здруженија во 60-тите години на 20 век д антивладините демонстрации пред три години, кои започнаа како протест против план за реконструкција на паркот Гези. Големите митинзи на поддржувачи на Ердоган на плоштадот во последните три недели се претвораат во моќен симбол на тоа дека исламистите си ги враќаат јавните простори на Истанбул, вели Јоктем.

Масовниот митинг организиран од Ердоган во неделата во Истанбул под наслов “Демократија и маченици”, на кој присуствуваа и две опозициски сили, беше убедлива демонстрација на единство. Сосема јасно сепак беше кој токму е често. На плакати ликот на Ердоган се гледаше заедно до оној на Ататурк, а самиот Ердоган пристигна со хеликоптер и беше претставен како “врховен командант”.

“Ние сега сме војниците на оваа земја”, рече Осман Бозоглу, 34-годишен поддржувач на Ердоган, кој продаваше турски знамиња на митингот. “Ова беше втора војна за независност и ние победивме! Ние тоа повторно би го направиле”.

Турската телевизија го емитуваше целиот проток и херојските приказни и дела во ноќта на превратот, а една од најзначајните беше онаа на наредник Омер Халисдемир кој наводно пукал и го убил поддржувачот на превратот генералот, пред да се самоубие.

“Добиваме приказни токму како кај војната за независност”, вели Асли Ајднташбаш, турска новинарка и аналитичарка. “Личните приказни на убиените”.

Личната историја на Ердоган од ноќта на превратот, кога тој за влакно се спасил бегајќи од хотел малку пред да пристигнат бунтовници, за да го убијат или грабнат, веќе се споредува со познатата историја на Ататурк, кој за време на битката кај Галиполи како се тврди за малку ја избегнал смртта, кога неговиот џеб часовник го одбил куршумот.

Без разлика е дека оваа приказна и противречи на последните информации, според кои Ердоган го напуштил крајбрежниот хотел со часови пред да дојдат командосите. Приказната за бегството на влакно веќе се запечатени во народната меморија и најверојатно ќе останат во историјата.

“Што се однесува до создавање на митови, овие приказни се многу важни во имагинацијата на еден народ”, вели Ајднташбаш. Таа оцени дека брзите напори на владата и нејзините медиуми вежбаа и создаваа нова “национална митологија”.

Ајднташбаш вели дека често и се чини дека целата историја на нејзината земја била препишувана за недели. “Народот доби нова дефиниција, имено – луѓето на улиците, го исфрлија превратот во ноќта на 15 јули”, додава таа.