Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган реагираше на изјавите на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за тоа како Турција ја предизвикала бегалската криза. Тој рече дека Грција е земја која буши чамците за мигрантите и ги испраќа во смрт, пренесе агенцијата Анадолија.
Тој потсети дека Турција на своја територија примила околу пет милиони бегалци.
„ Речиси четири милиони од нив се од Сирија, некои од Ирак, Авганистан. Неблагодарно е да се каже проблемот со бегалците произлегува од Турција, за земја која прими околу пет милиони бегалци. Не знам што ќе направи Грција ако ја отвориме вратата“, рече Ердоган