Ердоган: Хотелите во Анталија ќе ги примат преживеаните од земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган денеска изјави дека некои хотели во одморалиштето Анталија ќе бидат привремен дом за преживеаните од земјотресот, во кој вчера загинаа неколку илјади луѓе на југот на Турција.

„Се прават планови хотелите, кои веќе ги намалија активностите поради зимскиот период, да ги примат жртвите од земјотресот. Во регионот на Анталија за оваа намена се подготвени 50.000 кревети“, рече Ердоган, пренесува Си-Ен-Ен.

Ердоган откри дека досега од урнатините се извлечени 8.000 луѓе, а повредените се префрлени во болниците во Мерсин, Истанбул и Анкара.

Слични содржини