Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека следната недела ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Турција и Грција, членки на НАТО, спорат околу териториите на Медитеранот и миграцијата. Мицотакис пред два дена рече дека Турција е важен партнер во решавањето на новиот предизвик за Европа кога станува збор за миграцијата и дека и е потребна поддршка.
Ердоган на прес -конференција пред заминувањето во Њујорк рече дека Турција „го носи најголемиот товар и најтешките последици“ од миграцијата и дека Анкара ќе ги преземе неопходните чекори доколку другите земји не го сторат тоа.
Турција прими околу четири милиони бегалци, претежно од Сирија.