174
Откако 33 турски војници загинаа во воздушните напади на подрачјето на Идлиб, телефонски разговараа рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, јавува Ројтерс.
Информацијата ја потврди министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Тој истакна дека двајцата претседатели разговарале за имплементација на договорот за сирискиот Идлиб.
Според Лавров, Русија и Турција се подготвени да ја продолжат соработката кога станува збор за Сирија.
Шефот на руската дипломатија изјави дека Русија побарала од Сирија да ја запре операцијата во Идлиб, за да бидат евакуирани повредените луѓе.
Сепак додал дека Москва не може да ја спречи сириската војска да реагира на терористичките активности во Идлиб.