20
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Иран се брани од нелегални, „луди“ напади од страна на Израел и од она што го нарече „државен тероризам“, додавајќи дека самоодбраната на Иран е природна, законска и легитимна.
Обраќајќи се пред членовите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во парламентот, Ердоган исто така рече дека Израел го нападнал соседот на Турција, Иран, без да чека на заклучокот од нуклеарните разговори меѓу Вашингтон и Техеран, додавајќи дека Анкара сака проблемите да се решат дипломатски, објави Ројтерс.
Ердоган рече дека Турција е подготвена да придонесе за постигнување решение.