27
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата изјави дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“.
– Историјата никогаш нема да им прости на оние кои му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили – рече Ердоган во обраќањето на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара.
Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „заблуда за ветената земја“ на крајот ќе доведе до големо разочарување.
Тој, исто така, повика на зголемен регионален дијалог.
– Имајќи ја предвид атмосферата во нашиот регион, сметаме дека треба повеќе да разговараме. Ни треба помирување – рече турскиот претседател.