227
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Израел е терористичка држава која врши воени злосторства во Газа и го крши меѓународното право, пишува „Гардијан“.
Во исто време, тој повтори дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација, туку политичка партија избрана од Палестинците.
Во обраќањето пред претставниците во парламентот, Ердоган рече дека Турција ќе се обиде да постигне израелските доселеници да се гледаат како терористи на меѓународната сцена.