Турскиот претседател Реџеп Ердоган се надева да ја заврти во своја полза најдлабоката во деценија внатрешно-политичка несигурност на земјата, пишува “Ројтерс”.

Објавувајќи го крајот на еднопартиска управување како предавство на “терористи” и “т.н. Интелектуалци”, тој ја претставува Турција како држава, соочена со нов внатрешен непријател кој стандардно може да биде победен само од лидер, силен како него. Но на 7 јуни претседателот виде како пропаднаа неговите планови за создавање на претседателски систем – сличен на Франција и САД. Тогаш владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) изгуби мнозинството во парламентот за прв пат по повеќе од една деценија.
Надежите на Ердоган за промена на уставот, како и сознанието дека оваа амбиција зависи од враќањето на парламентарното мнозинство на АКП ги направи предвремените избори да изгледаат речиси неизбежни. Ова сценарио стана можно, откако напорите за договор на коалициска влада пропаднаа.
Дури и некои членови на владејачката партија признаваат дека ова е резултатот кој Ердоган отсекогаш го сакал.
“Тој навистина успева да ги постигне своите цели во политиката”, рече повисок претставник на владата. “Тој го добива она што го сака по два месеци на вешто управување. Беше јасно уште од самиот почеток дека нема начин тој да размислува за друга опција освен само-управување на АКП”, додаде изворот.
Ова сепак е ризична стратегија. Според две нови анкети АКП би можела да се врати мнозинството и да управува самостојно, но нема гаранции дека тоа ќе се случи.
Ги испраќа на турските гласачи на гласање толку бргу по едни избори на раздорот,кој би можело потоа да ја намали поддршката за АКП, вели Синан Јулген, гостин научник во организацијата “Карнеги Јуроп” и шеф на седиштете на аналитичкиот центар EDAM во Истанбул .
“Изгледа така како партијата морала присилно на предвремени избори поради непокорниот турски електорат во време кога постојат неколку други предизвици, како од гледна точка на безбедноста, така и на економијата”, рече Јулген. Тој додаде дека несогласувањето меѓу членовите на АКП би можело да излезе на површината.
“Недостатоци на овој политички гамбит на Ердоган е дека ако АКП на крајот загуби гласачи, ние може да станеме сведоци на едно отворено незадоволство од неговото влијание”, додаде тој.
Високи претставници на АКП, кои не сакаа да бидат сфатени како пречка за евентуален коалициска аранжман, јавно ја отфрлија идејата дека Ердоган, кој се уште го задржува својата власт над партискиот апарат, е против коалиција. Премиерот Ахмет Давутоглу веќе опиша слични сфаќања како “целосно невистинити”.
Но членови на АКП признаа дека веќе има незадоволство од неговата интервенција. Многумина сметаат дека лобирањето во извршна власт беше причина за падот на поддршката за АКП на јунските избори, независно од уставната обврска да стои како шеф на државата надвор од партиската политика.
“Ердоган ја губи својата контрола врз партијата со секој изминат ден. И тоа не се добри вести за него”, вели друг партиски претставник, кој сепак додаде дека е премногу рано шефот на државата да биде отпишан од сметките. “Тој сака создавање на претседателски систем на еден или друг начин и не се откажува”, додаде изворот.
Милитантниот претседател испушти неколку можности да го претстави силното еднопартиско управување како единствена можност за Турција, особено во време на криза како сегашната, кога се повеќе се разгорува насилството во претежно со Курди југоисток и се засилува заканата од групата “Исламска држава” во северна Сирија.
“Турција се соочува со нов непријател поради резултатите од изборите на 7 јуни, кои не доведоа до формирање на еднопартиска мнозинство, во момент кога хаосот во Сирија се влошува”, рече самиот Ердоган во говорот минатата недела.
Потпирајќи се повторно на реториката, која до сега му служела точно на Ердоган ги претатстави себе и Турција во улогите на жртви на еден лошо поплочен заговор, смислена од широк круг непријатели, чии врски меѓу нив во најдобар случај се слаби.
Виновни за ова се писателите, научниците и новинарите на “паралелната држава” – терминот кој претседателот го користи за следбениците на влијателниот свештеник Фетулах Гулен. Или “сепаратистичките терористи” – референци кон воената група на Курдската работничка партија (ПКК).
“Секој кој поддржува или останува нем пред лицето на оваа група, … е соучесник во нејзините обиди да пречи на оваа нација. Тоа не се времиња во кои можеме да бидеме непристрасни. Оние кои ќе останат непристрасни ќе бидат елиминирани”, рече Ердоган.
По повеќе од една деценија како премиер Ердоган ги освои првите директни избори и за претседател во август 2014 година и оттогаш ја проширува до максимум власта на претежно церемонијална функција на претседателот.
Според него, фактот дека е избран од народот, а не од страна на парламентот , како што беше порано, му гарантира повеќе овластувања, дури и без уставни промени.
“Сега во земјата има претседател не со симболична, туку со вистинска моќ”, рече тој. “Без разлика дали се прифаќа или не, турскиот систем на управување се промени. Она што треба да се направи сега е да се разјасни и потврди легалната рамка на оваа ситуација со де факто нов устав”, рече уште тој.
Според критичарите слични искази пред очекуваните предвремени избори веќе забележуваат почетокот на кампањата за победа повторно на поддршка за АКП и наметнување на идејата за претседателствување со овластувања во извршната власт.
“Тој не гледа недостатоци во наметнувањето на предвремени избори, туку само позитивни еленти. Од гледната точка на Ердоган сметам дека работите се сведуваат на тоа”, вели уште шефот на EDAM Јулген.