Ердоган – каприциозен и циничен „демократски избран диктатор“

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Вредна 400 милиони фунти, палатата на турскиот претседател Ердоган е најголема во светот. И монструозна. Триесет пати поголема од Белата куќа, која во своите мермерни хали и бескрајни ходници може да ги собере седиштата на турските сојузници во НАТО.

палата

Не е ни чудо споредбата со Народна палата на диктаторот Николае Чаушеску.

 

(…)

Не е ни чуо што тука беше пролеана крв за време на неуспешниот државен удар. И преку нејзината апсурдна димензија можеме повеќе да сфатиме за вообразените и надуени амбиции на нејзиниот „жител“ – и, уште повеќе, за опасните консеквенци од неуспешниот пуч.

Скромните почетоци на Ердоган се слични за срце-кршливите приказни. Но, неговиот вкус во мега-архитектура укажува на личност која има многу заедничко со најграндиозните отоманските султани. Начинот на кој ги заобиколи вообичаените правила и буџети за да ја протурка својата гигантска палата се причини поради кои неговите критичари го нарекуваат деморатски  избран диктатор.

Овидот за удар покажа дека тој има поддршка на улиците. Но, причините поради кои што другата половина од Турците ги навредува неговиот начин на владеење се се уште тука. За нив, тој останува претседател кој ќе ја злоупотреби функцијата во корист на неговото семејство и блиски пријатели.

Се смета дека тој го турка исламскиот фундаментализам преку задната врата.

36590D6D00000578-3693976-image-a-113_1468716619433

Ова е важно за Велика Британија поради тоа што Турција се наоѓа на раскрсницата на тектонските плочи на планетата, што е многу повеќе од едноставна географија. Граѓанска војна – дури и призвук на нестабилност – е многу опасна варијанта за остатокот од НАТО-сојузниците на Турција. Со Русија на север, Сирија и Ирак на југ и Иран на исток, Турција со децении игра улога на југо-источниот бастион на НАТО.

Само  помислете на минатогодишната бегалска криза и размислете за проблемите со кои Западот може да се соочи, ако Турција излета од шините. Додајте неколку милиони Турци на бројката на луѓе кои пристигнуваат во Европа од Блискиот Исток, и ќе ја добиете сликата за тоа како би изгледало најлошото сценарио.

Во последниве децении, Турција се чинеше како комбиниција на демократија со силна војска и големо значење за општата безбедност на Западот. Дури и со неуспешноста на воениот удар, таа доверба е разнишана. .

 ердо и зена

Но, многу од граѓаните се восхитени од нивниот претседател – тефлон.  Дури и откако се појавија слики од машина за броење пари во домот на неговиот син, заедно со кутии чевли преполни со долари и евра.

Западот научи да го прифати неговиот „шарм“ кај муслиманското мнозинство во комбинација со разумна економска политика. Мислеа дека станува збор за во суштина рационален човек, а не исламист кој толкува улога на политичар со западен стил.

Се додека економијата растеше, растеше и неговата популарност дома, додека на Запад го гледаа  како модел за земјите кои минуваат низ револуција во текот на  “Арапската пролет” од 2011 година. Но, како годините минуваа, Ердоган стана се повеќе автократски настроен  и порелигиозен. Четиринаесет години на власт му дадоа моќ за преструктуирање на државните служби и војската според сопствените критериуми.

Офицерите-бунтовници го мразеа тоа.

Како многу други диктатори, тој е и каприциозен и циничен. Неговиот одговор на Арапската пролет покажа како одеднаш, неговиот “пријател” – претседателот Асад од Сирија, го осуди како тиранин потопен во крв. Слично, дијалогот со курдското малцинство го претвори во отворена војна.ердо

Истата валкана игра се случува кога тој од поддржувач на џихадистичите бунтовниците против Асад се претвори во поддржувач на американската војна против Исламската држава. Откако дозволи исламистички радикални структури да се прелеет преку границата со Сирија, одеднаш ги прогласи за непријател. Тие се вратија назад во Турција, па сега земјата има потреба од силен човек да ја брани.

(…)
Турските либерали, но и Европа се потсмеваат на егото на овој човек но тој сепак ја има поддршката на повеќе од 50 проценти од турските граѓани.

Тие гласаа за него. Ние не. Тоа е неговиот адут. Во сиот ова хаос, Ердоган владее одлично. Тоа е неговата сила и трагедијата на Турција. Тероризмот и обидот за државен удар  влијаат негатвно врз економијата на државата што може да  предизвика милиони Турци да се прклучат во мигрантите и бегалците од Блискиот Исток. Тоа е кошмар кој ги прогонува Брисел и Берлин.

Сега, Ердоган ќе се одмаздува. Дури и противници на удар се плашат од „чистка“.
(…)

Сега цената на Ердоган ќе биде Вашингтон и Европа да жртвуваат некои од нивните принципи и интереси и да го поправат пријателството со него.

Дали сме подготвени да одат толку далеку? Каков избор имаме? И до каде ќе одат последиците од државниот удар?

Марк Алмонд

извор: Дејли Меил