Ердоган: Ќе го блокираме влезот на Шведска и Финска во НАТО доколку не ги исполнат ветувањата

од Берта Китинска
117 прегледи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе остане на својот став за приемот на Шведска и Финска во НАТО додека не се исполнат сите ветувања дадени на Анкара.

„Сè додека не се исполнат ветувањата дадени на нашата земја, ние ќе продолжиме да ја имаме нашата принципиелна и решителна позиција“, рече Ергоган во саботата во парламентот, пренесе Анадолија.