179
Турција продолжува да одржува дипломатски контакти со Русија и Украина на највисоко ниво, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со холандскиот премиер Марк Руте.
Претседателскиот кабинет на Турција соопшти дека се разговарало и за билатералните односи меѓу Турција и Холандија, како и за регионални прашања, пренесува ТАСС.
Во текот на разговорот претседателот на Турција навел дека актуелните односи меѓу Турција и Европската унија не се во интерес на ниту една страна.