Ердоган: Лицемерната политика на западните сили е причина за смелоста на Израел

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го коментираше израелскиот напад врз Појасот Газа во обраќањето до нацијата по седницата на Владата.

Тој ја обвини владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека го имитира Хитлер и секојдневно ја преминува границата во бруталната политика на масакри која ја спроведува од 7 октомври.

Осудувајќи ја израелската агресија врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, вклучително и планираната офанзива, Ердоган рече дека „лицемерната политика на западните сили“ е причината за смелоста на Израел.

„Додека западните сили јавно го повикуваат Израел на воздржаност, во исто време тие замижуваат пред злосторствата на Нетанјаху, криејќи се зад Хамас како изговор“, истакна Ердоган.

Тој вети дека ќе ја продолжи борбата против тероризмот од неговиот извор и ќе го спречи тероризмот долж јужните граници на Турција по секоја цена.

Се осврна и на одлуката на американската администрација за продажба и модернизација на авиони Ф-16 на Република Турција.

„Задоволни сме од позитивниот исход на нашето барање за Ф-16, за кое веќе извесно време разговараме со Соединетите Американски Држави. Со укинувањето на ограничувањата за нашата земја, се надеваме дека турската одбранбена индустрија отсега ќе напредува уште побрзо“, заклучи Ердоган.

Слични содржини