Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека неговите планирани разговори со рускиот претседател Владимир Путин би можеле да доведат до обновување на договорот за жито.
Тој ги повика западните земји да ги разгледаат барањата на Москва, објави телевизијата Хабертурк, пренесува „Ројтерс“.
Зборувајќи за членството на Шведска во НАТО, Ердоган рече дека Турција ќе преземе чекори за ратификување на нејзината апликација за влез во алијансата.