Ердоган: Мојата мисија е да посредувам на средбата меѓу Путин и Зеленски

од Берта Китинска
132 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека смета дека е негова мисија да посредува на средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски во блиска иднина.

„Нашата цел е во блиска иднина да организираме средба меѓу Путин и Зеленски за да се реши кризата во Украина“, рече турскиот лидер во своето обраќање пред граѓаните, пренесува руската агенција ТАСС.