Ердоган на Путин- “драг пријателе” VS Путин на Ердоган- “Почитуван г-дин претседател”

од desk3
177 прегледи

Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган го најави крајот на политичкиот леденото доба меѓу Русија и Турција. И толку. Нивниот состанок во Санкт Петербург не донесе извонреден пресврт, тврди DW.

erdogan

Не, категорично тоа не беше најголемиот пресврт. Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговараа над три часа, но резултатот е ништо, само не и импресивна кохезија. На подоцнежната прес-конференција на двајцата претседатели го најави крајот на политичкото ледено доба меѓу двете земји и намерите да ги обноват билатералните економски односи. Од европска гледна точка тоа не е нешто епохално, но несомнено е позитивен резултат. Бидејќи ниту ЕУ ниту НАТО имаат интерес од натоварени со конфликти односи меѓу овие две земји или од трговска војна меѓу нив.

Несогласувања за Сирија

Најавеното враќање кон нормалноста сепак не може да ги прикрие големите разлики во мислењата на Москва и Анкара. Тоа се виде најјасно кога двајцата претседатели објаснија дека намерно ја исклучиле темата Сирија од официјалните разговори, за да можат да ја дискутираат со смиреност по пресконференцијата. На овој начин тие се заштедиле од неудобните прашања за нивните визии за иднината на Сирија и на сирискиот диктатор Асад, кого Путин го поддржува, а Ердоган сака да го види паднат од власт.

Да се потсетиме дека токму руската воена интервенција во сирискиот конфликт беше вистинската причина за влегувањето во јаз на односите меѓу двете земји, и секако соборувањето на еден руски воен авион од турските воздухопловни сили во ноември 2015 година. Фактот дека токму по клучната тема Сирија немаше и навестување за приближување, сведочи за тоа дека односите меѓу двете земји и нивните амбициозни лидери се сложени и ќе останат сложени.

Несогласувања меѓу Москва и Анкара има и околу конфликтот во Нагорно Карабах, каде Турција го поддржува нејзиниот близок роднина и партнер Азербејџан, а Русија склучила воен сојуз со историски сојузник Ерменија. Темата за Нагорно Карабах воопшто не беше спомената на пресконференцијата.

Само намери

Наместо тоа двајцата претседатели се посветија на економските прашања. Но и во оваа област не видовме ништо повеќе од серија необврзувачки декларации за намери. Да, Русија ќе ги укине етапно економските санкции против Турција, но не стана јасно кога точно турските фармери ќе почнат повторно да го снабдуваат рускиот пазар со овошје и зеленчук. После некое време, како што се изрази Путин, запрениот (лично од него) поток од руски туристи кон Турција требало да го достигне нивото од пред кризата – со време. Ердоган пак објави дека гасоводот “Турски поток” требало да се гради, но не рече ништо повеќе – бидејќи не сакаше, или затоа што не можеше да каже ништо конкретно.

putin erdogan
Видлив напредок изгледа има само по драстично одложениот проект за изградба на првата турска АЕЦ “Акују”. Анкара ја потврди подготвеноста да даде “што е можно поскоро” статус на стратешка инвестиција за овој проект вреден милијарда и да обезбеди долгорочни даночни олеснувања.

Кратко: руско-турската економска и политичка соработка постепено ќе добива на интензитет. Но, барем засега, не може да стане збор за некаков стратешки сојуз меѓу двете земји, кој би можел да биде интерпретиран како предизвик за ЕУ и Западот. Исто така не може да станува збор и за некакво ново машко пријателство меѓу Путин и Ердоган, иако турскиот претседател го именуваше својот домаќин “драги пријателе”. Путин одговори дипломатски со “Почитуван г-дин претседател”.