Ердоган најави дека турскиот парламент наскоро ќе почне процедура за менување на Уставот

од Radmila Tasevska
294 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека една од задачите на турскиот Парламент кога ќе продолжи со работа оваа есен ќе биде да усвои нов устав кој ќе го замени оној што беше во републиката по воениот удар во 1980 година.

– Нашето ветување за нацијата ќе биде првокласен устав кој ќе ги надополнува првокласните демократија, економија и слободи. Нашата визија за „Векот на Турција“ ќе се зајакне со таков устав“, рече Ердоган . – Со продолжувањето на работата на парламентот, ќе ги обновиме нашите иницијативи за зајакнување на турската демократија со нов устав, додаде тој.

Соодветната законска иницијатива ќе биде поднесена на разгледување на есенската седница на парламентот, која започнува во октомври.

Сегашниот устав е воведен по воениот удар во 1980 година .

Претседателот на Турција двапати поднесе на национално одобрување прашања поврзани со измените на уставот. По референдумот во 2017 година, парламентарната форма на владеење на републиката беше заменета со претседателска, но не беше усвоен нов устав во светлината на овие промени. По неговиот реизбор за нов претседателски мандат во мај, Ердоган рече дека усвојувањето на новиот устав е една од главните задачи на неговата администрација.

Слични содржини