Ердоган најави уставни измени

од Nikola Popovski

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави уставни измени во својата земја, Тој смета дека сегашниот Устав е повторување на државниот удар. Тој вети дека земјата ќе биде пограѓанска, слободарска и инклузивна, пренесува „Avaz.ba“.

„Нова политичка лига“

Уставните измени ги најави вчера по владината седница во претседателскиот комплекс. Ердоган остана на ставот дека воведувањето на претседателскиот систем пред неколку години ќе значи бројни предности и во иднина.

Според него, со општите избори минатиот месец, Турција се приклучи на нова политичка лига, создавајќи поволни услови за граѓански устав. Тој оцени дека турската демократија е силна и дека нацијата е способна да ги отстрани пречките кои го попречуваат напредокот.

Повик за единство

Ердоган повика на единство во изготвувањето на новиот устав, кој според него треба да ги одразува аспирациите на сите граѓани. Тој вети и дека ќе го забрза остварувањето на националните цели.

Како пример за проширување на влијанието на Турција надвор од нејзините граници, тој ги истакна последните избори, за кои истакна дека привлекле внимание ширум светот.

Слични содржини