Ердоган: НАТО да ги почитува грижите на Анкара за безбедноста

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Турција ги повикува сојузниците во НАТО да ја почитуваат и поддржат загриженоста на Анкара за нејзината безбедност, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

„Ако сме сојузници, тогаш мора да ја почитуваме и поддржиме грижата на Анкара за нејзината безбедност, за нејзините граници. Гледаме дека нема таков однос кон нас“, рече турскиот лидер на состанокот на владејачката партија, пренесува „РИА Новости“.

Турција секогаш го поддржува сојузот, сојузничкиот дух, но не може да се согласи на секој предлог и не може да се согласи на сојуз со оние земји кои ги поддржуваат терористите кои ја загрозуваат безбедноста на Турција.

Слични содржини