Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја премина линијата, споредувајќи  ја германската влада со нацистите и веќе не е добредојден во земјата . Ова го објави големиот  сојузник и заменик на Ангела Меркел, пренесува “Ројтерс”.

Заканата од премиерот на провинцијата Хесен – Фолкер Буфие, ја спеделува  зголемената нервоза поради тврдењата на Ердоган дека Германија и други европски сили користат нацистички тактики, затоа што забрануваат на турски политичари да одржуваат митинзи на нивните територии.

“Доволно значи доволно”, изјави Буфие, кој е заменик-претседател на партијата на Меркел.

” Г-дин Ердоган и неговата влада не се добредојдени во нашата земја и тоа сега треба да се разбере”, истакна тој пред телевизија DLF.

 Германските медиуми објавија  дека Ердоган планира да ја посети Германија во март , за да агитира меѓу Турците кои живеат таму, да го поддржат пакетот нови претседателски овластувања на референдумот во април.

Фолкер Буфие изјави дека таква посета може да создаде проблеми со безбедноста . “Некој кој не навредува на тој начин, не може да се очекува дека ние ќе собереме стотици полицајци да го бранат”, додаде тој.

Германската влада соопшти дека не добило официјално барање за посета на Ердоган.