Ердоган не попушта: Блокада за Шведска во НАТО, бара да се исполнат условите

од Stefanija Kuzmanovska
125 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се додека Шведска не ѝ ги испорача на Анкара осомничените за тероризам, Турција нема да го одобри нејзиното членство во НАТО.

Новиот шведски премиер Улф Кристерсон побарал средба во врска со ова прашање и средбата би можела да се одржи во Турција, изјави Ердоган на новинарите кои го придружуваа на враќање од посетата на Азербејџан, објави „Дејли Сабах“.

Ердоган рече дека борбата на Турција против тероризмот е бескомпромисна и нема да прави отстапки.

Шведска ќе ги удвои своите напори за спроведување на трилатералниот договор потпишан со Турција за екстрадиција на терористите, рече Кристерсон во четвртокот.

Шведска и Финска, за да станат полноправни членки на НАТО, нивното барање за прием мора да биде ратификувано од парламентите на 30-те земји членки на Алијансата.

Досега тоа го направиле 28 земји-членки, освен Турција и Унгарија.

Слични содржини