Ердоган не сака да дава отчет на Брисел: „Не сме предмет на ЕУ“

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Анкара нема намера да бара одговорност од Европската унија за учеството на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

-Европската унија ќе не кочи 52 години, нема да дозволи да се доближиме до неа, а потоа ќе не прашаат: „Зошто се сретна со оваа земја, зошто се сретна со онаа?“. Ќе разговарам. Во моментот додека преговараме, не сме предмет на Европската унија, изјави турскиот претседател за телевизијата Би-Би-Си.

Лидерот на Турција изјави дека се среќава со лидерите на сите земји во светот, меѓу другите и со претседателот на Русија Владимир Путин и со кинескиот претседател Си Џинпинг.

-Разговарам со сите земји, бидејќи сите ние сме дел од овој свет, додаде тој.

Турскиот претседател изрази желба Турција следната година да стане полноправна членка на Шангајската организација за соработка.

Самитот на Шангајската организација за соработка се одржа во Самарканд, Узбекистан на 15 и 16 Септември и на средбите беа потпишани 44 документи.

Организацијата ја сочинуваат: Русија, Индија, Казахстан, Кина, Киргистан, Таџикистан, Пакистан и Узбекистан. Земјите набљудувачи се Авганистан и Монголија, започната е процедурата за прием на Белорусија, а земји партнери се Азербејџан, Ерменија, Камбоџа, Непал, Турција и Шри Ланка и Иран.