Ердоган: Не сме загрижени за можните санкции на ЕУ

од Nikola Popovski
225 прегледи

Денес, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја отфрли можноста за потенцијални санкции што Европската унија може да ѝ ги наметне на Турција и соопштил дека ваквиот потег нема многу да ја загрижи Анкара.

„Официјално, ЕУ континуирано воведува санкции кон Турција од 1963 година. ЕУ никогаш не била искрена и никогаш не застанала зад нејзините зборови. Сепак, ние секогаш сме биле трпеливи“, изјавил Ердоган пред новинарите пред да замине во официјална посета на Азербејџан.

Во контекст на утрешниот самит на лидерите на Европската унија, Ердоган истакнал дека Турција ќе почека да ги види одлуките на официјален Брисел, но дека некои искрени и чесни лидери на земјите-членки на ЕУ веќе изразиле противење на ваквите ставови против Турција.

Во пресрет на дводневната посета на Азербејџан, Ердоган во Анкара рекол дека Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан, вклучително и поддршка за реконструкција и изградба во ослободените региони на земјата.

„По 44 дена тешка борба, фала му на Бога, денес знамето со Месечината и ѕвездата гордо се веат во Карабах“, рекол Ердоган.