Ердоган: Не треба да се маргинализира Русија во преговорите за обнова на Договорот за житарките

од Radmila Tasevska
249 прегледи

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека не треба да се „маргинализира“ Русија во преговорите за обнова на Договорот за извоз на украинското житарки преку Црно Море.

– Ниту еден процес што ќе ја маргинализира Русија во црноморската иницијатива за житарки нема да биде одржлив, изјави Ердоган по затворањето на Самитот на Г-20 во Њу Делхи.

Тој најави дека наскоро ќе организира средба на таа тема со претставници на Русија, Украина и ОН, без да прецизира датум или место.

– Сметаме дека треба да се избегне секоја мерка што може да го наруши мирот во Црното Море и да ги влоши тензиите во регионот, додаде Ердоган, кој утре во Сочи ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Договорот за извоз на украински житарки беше потпишан под покровителство на Анкара и ОН минатото летото, а неговата цел беше да се обезбеди извоз на украинските житарки преку украинските пристаништа на Црното Море. Во јули Русија се повлече од Договорот, кој е важен за снабдувањето со храна во светот, тврдејќи дека западните санкции го блокираат пристапот на нејзините земјоделски производи и ѓубрива до меѓународните пазари.

Слични содржини