Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис не е можна додека грчкиот лидер не се „вразуми“.
„Нека се вразуми. Додека не се вразуми, не е можно да се сретнеме“, рече Ердоган на повратниот лет од самитот на НАТО во Мадрид, во време кога беа обновени тензиите меѓу двете членки на НАТО и соседите, пренесе „Танјуг“.
Грција и Турција долго време се во конфликт за низа прашања како што се поморските граници, правата за истражување и искористување на енергијата во Егејското Море, воздушниот простор, мигрантите и етнички поделениот Кипар. Тензиите повторно се разгореа во мај кога Ердоган рече дека грчкиот премиер „повеќе не постои“ за него, обвинувајќи го дека се обидел да ја блокира продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција за време на посетата на САД.