Ердоган: Нема турско „да“ за земјите кои го поддржуваат тероризмот

од Берта Китинска
287 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека минатонеделните разговори со финската и шведската делегација не биле на очекуваното ниво и дека Анкара не може да им каже „да“ на земјите кои го поддржуваат тероризмот да влезат во НАТО, јави денеска турската државна телевизија ТРТ Абер.

Турција се противи на приемот на Шведска и Финска во Алијансата, а се наведува дека Ердоган на новинарите по враќањето од вчерашната посета на Азербејџан им рекол дека тие земји не се ниту чесни ниту искрени, пренесе Ројтерс.