111
Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Анкара ќе ја продолжи операцијата во Сирија сè додека целосно не се отстрани заканата од Курдската работничка партија (ПКК) и терористичката група Исламска држава, соопшти Кабинетот на турскиот лидер.
Британскиот премиер го повика Ердоган да ја запре воената операција во Сирија и рече дека Велика Британија и другите земји се подготвени да ги поддржат разговорите за прекин на огнот.
На 9 октомври, Ердоган објави започнувањето на операцијата „Извор на мирот“ во Северна Сирија против ПКК и терористичката група ИД