152
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира оваа недела телефонски да разговара со рускиот лидер Владимир Путин, а тема на разговор се очекува да биде ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и украинската криза, изјави дипломатски извор за РИА Новости.
Тој рече дека Турција продолжува да ја исполнува својата чесна посредничка улога во конфликтот како единствена земја што ја добила довербата од двете страни.
Ердоган изјави дека има намера да разговара со Путин за резултатите од неговите неодамнешни разговори со украинскиот претседател Зеленски и генералниот секретар на ОН Гутереш во Лавов, како и да побара од рускиот лидер да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.