Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека за време на разговорите во Лавов му понудил на својот украински колега, Владимир Зеленски, Анкара да ја организира неговата средба со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.
„Повторив дека нашата солидарност и поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина ќе продолжи, исто како што му кажав на г. Путин за време на мојата посета на Сочи. Го потсетив господинот Зеленски дека можеме да ја организираме нивната средба“, рече Ердоган, кој беше во Лавов вчера со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Турскиот претседател рече дека планира да разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје со рускиот лидер Владимир Путин и да побара од него да преземе конкретни мерки.