Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакна потребата од прекин на огнот во Украина, соопшти кабинетот на Ердоган.
Ердоган повика и на подобрување на хуманитарната ситуација во Украина, се вели во соопштението.
Двајцата лидери се согласија следната средба на руските и украинските претставници да се одржи во Истанбул, се додава во соопштението, без да се прецизира датум за тоа.
Член на украинската делегација која преговара со Русија денеска изјави дека двете страни одлучиле да се сретнат во понеделник, но главниот руски преговарач рече дека преговорите ќе почнат во вторник. Ниту еден од нив не кажа каде ќе се водат разговорите.