Ердоган повика на ефективни чекори за запирање на Израел

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека светот мора уште погласно да бара крај на палестинско-израелскиот конфликт и повика да се преземат „ефективни чекори“ за да се запре Израел.

Ердоган се сретна со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев во Ташкент, каде што учествува на 16-от самит на Организацијата за економска соработка, пренесува РИА Новости.

„За време на средбата се разговараше за чекорите што треба да се преземат за развој на билатералната соработка меѓу Узбекистан и Турција, актуелните регионални и глобални проблеми, ситуацијата претставена со израелските напади врз Појасот Газа и напорите за доставување хуманитарна помош до цивилите. “ се наведува во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган рече дека светот мора посилно да го крене својот глас за да се стави крај на израелската окупација на Газа и дека „мора да се преземат ефективни чекори за да се запре Израел“.

Слични содржини