156
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“.
„Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, цитиран од Гардијан.
Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот.