Турскиот претседател Таип Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција е подготвена да работи на мировна резолуција меѓу Украина и Русија, по зголемувањето на насилството во регионот Донбас и акумулацијата на руските трупи на границата со Украина, објави Ројтерс.
Ердоган повика на ставање крај на тензиите во Донбас по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул во саботата, велејќи му дека Турција е подготвена да ја обезбеди потребната поддршка.
Тој претходно разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин во петокот, кога Путин ја обвини Украина за „опасни провокативни акции“ во Донбас.
„Заради мирна иднина на нашиот регион, сакаме двете земји да ги решат своите разлики што е можно поскоро преку дијалог, мирно, и ние работиме на тоа“, рече Ердоган во Истанбул.