Ердоган пристигна во Сочи: Важна средба со Путин

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска пристигна во Сочи, каде што треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Авионот на турскиот претседател слета во 11:15 часот, објави весникот „Аксам“. Ердоган треба да се сретне со Путин околу 12 часот, изјави претходно неименуван извор од кабинетот на турскиот претседател, а пренесе ТАСС.

Според медиумите, се очекува, освен билатерални прашања, главна тема на разговорите меѓу Путин и Ердоган да биде договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море и ситуацијата во Украина.

Анкара ги интензивираше напорите во последниве недели да го обнови коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.

Путин во телефонскиот разговор на 2 август му рекол на Ердоган дека Москва е подготвена да се врати на Црноморскиот договор за жито штом Западот ги исполни своите обврски во однос на рускиот извоз на жито.

Слични содржини