Ердоган пристигнува во посета на Албанија и Србија

од Илинка Илиоска
23 прегледи

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес пристигнува во Албанија и Србија. Тој ќе се сретне со премиерот Еди Рама, Ердоган и со претседателот Бајрам Бегај. Според протоколот седница ќе одржи Советот за меѓудржавна соработка, на кој ќе бидат потпишани неколку договори, а попладне во 16:30 заедно со Рама ќе ја инаугурираат новата „Намазѓа“ џамија (попозната како големата џамија) во центарот на Тирана.

Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“.

Поради денешната посета на шефот на турската држава, во Тирана воведен е посебен режим во сообраќајот а засилено обезбедување има уште од аеродромот.

Во Србија, дека негов домаќин ќе биде претседателот Александар Вучиќ. Претходно, Ердоган ја посети Србија во септември 2022 година.

Слични содржини