Ердоган: Продолжуваме со напорите да ја намалиме тензијата меѓу Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција продолжува со напорите за намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина.

Ердоган, по седницата на турската влада во Анкара, изјави дека неговата земја продолжува со напорите за решавање на, како што се наведува, „политичкиот метеж во Босна и Херцеговина“, пренесува агенцијата „Анадолија“.

„Продолживме со нашите напори да го решиме политичкиот метеж во Босна и Херцеговина и да ја намалиме тензијата во односите меѓу Косово и Србија“, рече Ердоган, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини