Ердоган: Путин и јас сме на иста страна во однос на продолжувањето на Договорот за жито

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на Договорот за извоз на житарки од украинските пристаништа на Црното Море.

Ердоган, исто така, истакна дека се надева дека договорот ќе биде продолжен по 17 јули, како резултат на напорите на Обединетите нации и Турција, пренесе „Ројтерс“.

Портпаролот на Европската унија во четвртокот рече дека Европската комисија им помага на Обединетите нации и Турција во напорите за продолжување на Договорот за житарки и дека е „отворена за истражување на сите решенија“.

Слични содржини