Ердоган: Путин омекна, сега е поотворен за дијалог

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека забележал дека рускиот претседател Владимир Путин сега омекнал и е поотворен за дијалог од порано, пренесе ТАСС.

„Видов дека Путин сега е многу помек и поотворен за дијалог од порано. Ќе видиме што ќе донесат телефонските разговори што ќе ги имаме во следните неколку дена. Ќе ги сослушаме и Путин и Зеленски“, им рече Ердоган на новинарите за време на неговото враќање од Азербејџан.

Ердоган истакна дека се надева дека во блиска иднина ќе разговара со претседателите на Русија и Украина, пишува турскиот весник „Хуриет“.

Турската армија никогаш не користела хемиско оружје

Турскиот претседател рече дека турската војска никогаш не користела хемиско оружје и строго се придржува до меѓународното право, велејќи дека може да се преземат правни мерки против оние кои упатуваат такви обвинувања, објави турската државна телевизија НТВ.

„Нашите вооружени сили никогаш не користеле хемиско оружје. Има такви кои секогаш ќе се обидуваат да ви го уништат угледот. Но, ние ќе ги гониме одговорните за таквите обвинувања, во согласност со законот“, им рече Ердоган на новинарите, објави Ројтерс.

Слични содржини