Ердоган: САД мора да го напуштат источниот брег на Еуфрат

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека САД мора да го напуштат источниот брег на Еуфрат и дека тоа е заклучокот од процесот во Астана, јавува Анадолија.

По враќањето од Техеран, каде што заедно со руските и иранските колеги Владимир Путин и Ебрахим Раиси учествуваше на седмиот трилатерален самит во Астана, Ердоган рече дека Америка мора да го напушти источниот дел на Еуфрат бидејќи „ги храни тамошните терористички организации“.