Ердоган сака да ја зголеми трговијата со Русија

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази желба за проширување на обемот на трговската размена меѓу Турција и Русија, за време на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин.

– Претседателот Ердоган рече дека има за цел да ја зголеми соработката меѓу Турција и Русија во многу области, вклучително и проширување на обемот на трговската размена – се наведува во соопштението на турското претседателство.

Иако брзо ја осуди руската офанзива во Украина, Турција се одлучи за неутралност во конфликтот меѓу двете земји и не се приклучи на западните санкции против Москва.

Тогаш Ердоган ја правдаше својата политика со големата зависност на Турција од руската нафта и гас.

Пет турски компании беа цел на американските санкции во септември 2023 година поради обезбедување производи и услуги на руски компании во одбранбениот сектор.

Во писмо до турските деловни кругови во август 2022 година, неименуван функционер на американското Министерство за финансии ги предупреди турските компании на „зголемените ризици од руските обиди да ја искористат“ Турција за да избегнат санкции.

Слични содржини