Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека би сакал да организира средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
„Турција е за организирање средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина“, рече Ердоган, јавува АА.
Турскиот претседател истакна дека дијалогот на Турција со Русија и Украина напредува и како пример за такво достигнување го наведе договорот за „житниот коридор“ преку кој од Украина веќе се извезени повеќе од пет милиони тони земјоделски производи, додава Интерфакс. .