Ердоган се сретна со палестинскиот претседател и лидерот на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас и Исмаил Ханије, лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Абас е во официјална посета на Турција, а во вторникот се сретна со Ердоган, се додава во соопштението.

Абас и Ханије не успеаја да ги поправат односите од 2007 година, кога Хамас, кој се противи на мировните договори со Израел, ја презеде контролата врз Појасот Газа.

Сепак, Абас се согласи со Ханије во вторникот да одржи состанок со претставниците на главните фракции во Каиро на крајот на јули за да разговараат за конфликтот со Израел и начините за ставање крај на внатрешните поделби.

Во соопштението на Хамас се наведува дека нивните претставници на средбата со Абас уште еднаш истакнале дека „отпорот е најефективниот начин да се спротивставиме на израелската окупација“.

Слични содржини