Ердоган: Терористите да не ја блокираат кандидатурата на Шведска во НАТО

од Берта Китинска
334 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со шведскиот премиер Улф Кристерсон на кого му пренел дека во заеднички интерес на двете земји е да се спречат терористичките организации да застанат на патот на нивните билатерални односи и кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај оваа година, по рускиот напад врз Украина, но Турција се спротивстави.