Ердоган: Турција порешителна од кога било да ја обезбеди својата јужна граница

од Stefanija Kuzmanovska
123 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, за време на говорот пред пратениците на неговата партија, навести можна копнена офанзива против курдската народна милиција во Сирија по ескалацијата на меѓусебните напади и контра удари долж сириската граница во последните денови, објави „Ројтерс“.

Ердоган рече дека Турција е порешителна од кога било да ја обезбеди својата јужна граница.

Тој оцени дека операциите на турските вооружени сили истовремено ќе обезбедат територијален интегритет и на Сирија и на Ирак, каде што исто така се во тек операциите против курдските милиции.

Слични содржини