Турција е единствената што може директно да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот лидер Володимир Зеленски, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека земјата останува можен домаќин за идните мировни преговори и може да обезбеди поддршка во следењето на било каков прекин на огнот меѓу завојуваните страни.
Ердоган изјави за „Блумберг“ дека балансирањето на односите со Русија и сојузниците од НАТО останува предизвик за Турција, особено од почетокот на војната во Украина во 2022 година.
Тој нагласи дека Турција дејствува „избалансирано и претпазливо“ во енергетскиот сектор за да ги заштити националните интереси и безбедноста, имајќи предвид дека земјата покрива значителен дел од своите потреби за нафта преку увоз.