Ердоган: Турција ќе ја обнови инфраструктурата во Газа штом ќе се постигне прекин на огнот

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Турција ќе вложи напори за обнова на оштетената инфраструктура, болници и училишта во Појасот Газа кога ќе се постигне прекин на огнот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган им рече на новинарите во авионот додека се враќаше од официјалната посета на Берлин дека штом ќе се постигне прекин на огнот, Турција ќе направи се што е потребно за да ја поправи штетата во Газа предизвикана од нападите на Израел, објави Ројтерс.

Ердоган повтори дека Турција смета дека мора да се изврши проверка на нуклеарното оружје на Израел пред, како што наведе, да биде предоцна.

Слични содржини