Ердоган: Турција веќе ништо не очекува од ЕУ

од Radmila Tasevska
344 прегледи

Турција веќе не очекува ништо од Европската унија, на чија врата чека 40 години, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ги исполнивме сите ветувања што и ги дадовме на Европската унија, но нив речиси и да ги нема“, рече Ердоган на инаугуративната седница на турскиот парламент, додавајќи дека нема да толерира нови барања или услови во процесот на пристапување.

„Доколку не отстапат во врска со некои неправди како што е воведувањето визи, што ги користат како латентни санкции, ако не си ги поправат грешките… Од наша страна целосно ќе го изгубат правото на изразување политички, општествени, економски и воени очекувања“, предупреди тој.

„Доколку Европската унија има намера да го прекине пристапниот процес кој постои само на хартија, тоа ќе биде нивна одлука“, додаде тој.

Слични содржини